Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПрв до врв во недела на Водно

Прв до врв во недела на Водно

Омилениот и најмасовен настан на скопјани под мотото „Сите на Водно“,  организиран од здружението за спорт и рекреација Прв до врв, ќе се одржи утре (недела) каде што учесниците ќе може да се натпреваруваат во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, и на крај да уживаат во олимпискиот пикник на целта на врвот каде ќе биде оджан музичкиот еко фестивал.

Стартовите на трките се закажани во 9:45 кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.

На врвот од 11 часот ќе започне еко музичкиот фестивал каде ќе настапат групата Бета Хаус, Слаткаристика и DJ Гоце САФ. Во 13 часот ќе се одржи церемонијата на прогласување победници, а се предвидува настанот да трае до 16 часот.
Сите пријавени учесници можеа да ги земат своите стартни пакети вчера и денес на плоштад Македонија, а оние кои доаѓаат од другите градови истото ќе можат да го сторат и утре, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.