Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаПознати сите учесници на Евробаскет 2017, Македонија по една деценија без учество

Познати сите учесници на Евробаскет 2017, Македонија по една деценија без учество

Познати се сите 24 репрезентации кои ќе учествуваат на Евробаскетот 2017 година, кое ќе се игра во Турција, Романија, Финска и Израел. Па така, од поодамна, директен пласман обезбедија Шпанија, Србија, Литванија, Хрватска, Франција, Грција, Латвија, Чешка и Италија, додека преку овој квалификациски циклус виза за најновиот Евробаскет обезбедија и Словенија, Исланд, Русија, Полска, Црна Гора, Унгарија, Велика Британија, Белгија, Украина, Грузија и Германија. Овие 20 селекции заедно со четирите земји домаќини ја даваат бројката од 24 учесници.

По речиси една деценија, Македонија ја прекина низата настапи на евро-шампионатите. Европското првенство ќе се игра од 31. август до 17. септември 2017 година.