Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиВо Вардар доминираат кајакари од Чешка

Во Вардар доминираат кајакари од Чешка

Натпреварувачите од Чешка доминираа на првиот ден од Европскиот шампионат во кајак на диви води што се одржува во Скопје од 11 до 14 мај.

Чехот Ондреј Роленд победи во трката во Ц1, а двоецот Сучанец ­ Роленд го освои првото место во Ц2. Во К1 првото место му припадна на Германецот Нико Пауфлер.

Во женска конкуренција во Ц1 победи нивната сонародничка Клара Хрицова. А, во кајак двосед во женска конкуренција доминираа Италијанките сестрите Панато.

Денес ќе се возат трките во тимска конкуренција, исто така на реката „Вардар“, додека во сабота и недела првенството ќе продолжи на „Матка“.