Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНападнати полицајци на натпреварот Работнички – Куманово

Нападнати полицајци на натпреварот Работнички – Куманово

Две униформирани лица, ангажирани за обезбедување на вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу Работнички и Куманово, биле навредувани и омаловажувани од група навивачи, а имало обид и за физички напад.

Како што информира МВР, настанot се случил околу 18 часот во Спортската сала во Градски парк во Скопје, а еден од напаѓачите е приведен.

Едниот од навивачите на КК Работнички, Д.А. (18) од Скопје, при обидот да биде приведен,  пружал активен отпор и со тупаница удрил еден полициски службеник во пределот на лицето.

Против него, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава. На повредениот полициски службеник му е укажана медицинска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“ од каде бил препратен на доплнителен преглед во Клинички центар.