Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПротести во Атина пред денешниот самит на еврозоната

Протести во Атина пред денешниот самит на еврозоната

Над 7 илјади луѓе протестираа синоќа во Атина против политиката на штедење пред денешниот самит на Европската унија од кој зависи иднината на Грција во еврозоната. На централниот атински плоштад Синтагма синоќа се одржа митинг организиран од страна на Сириза и синдикатот на вработените во јавниот сектор АДЕДИ, на кој демонстрантите држеа транспаренти на кои пишуваше „Демократијата не се уценува“, “Ако не ги запреме (доверителите), тие ќе не запрат” и “Не на еврото”.
grcija
Луѓето кои се собраа пред грчкиот Парламентот побара од Владата да не подлегне пред барањата на кредиторите и да не се повлече од своите предизборни ветувања, јави дописникот на МИА од Атина. Грчкиот народ не сака да прифати никакви нови мерки на штедење и меморандуми, изјави грчкиот министер за реконструкција на производството Панајотис Лафазанис и додаде дека Владата нема да потклекне под уцени и ултиматуми или да прифати договор кој не е во согласност со нејзините предизборни ветувања.