Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајден мртов маж во автомобил во Кочани

Пронајден мртов маж во автомобил во Кочани

Вчера околу 17:30 часот, на локалниот пат Кочани-одмаралиште „Пониква“, атар на село Лешки, кочанско, во неговото возило „пежо 406“ со штипски регистарски ознаки, пронајден е починат Ј.П (63) од Кочани.

Како што информираат од полицијата, смрт е констатирана од доктор на Итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб.