Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОпштина Чешиново Облешево по долги години се израдува на противпожарно возило

Општина Чешиново Облешево по долги години се израдува на противпожарно возило

По долги години позајмување противпожарни возила за итни случаи, општина Чешиново Облешево се пофали со сопствено возило за трајна употреба – донација од општина Кочани. За таа цел беше приредно свечено примопредавање на кое присуствуваше градоначалниците на двете општини, Ратко Димитровски и Костадин Личков и командирот на ТППЕ, Дејанчо Арсов.

Како што вели тој, во текот на минатото лето се случиле над триесет пожари, со кои тешко се справиле поради тоа што морале да чекаат противпожарни возила од соседната општина, така што оваа донација за нив е добредојдена.