Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМаж пронајден мртов кај патарината Петровец

Маж пронајден мртов кај патарината Петровец

Маж бил пронајден мртов утринава во автомобил „Мерцедес“ со косовски регистерски ознаки на бензинската пумпа Макпетрол, пред патарината Петровец.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен од страна на Итната медицинска помош утринава околу 4:15 часот

По извршениот увид утврдено е дека се работи за Ш.Н. (60) од Косово чие тело е предадено на обдукција. Засега нема подетални информации за причините за смртта.