Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПреговорите во Пржино неизвесни, договор уште помалку

Преговорите во Пржино неизвесни, договор уште помалку

Претставници на политичките партии кои се дел од процесот „Пржино“ се уште не е потврдено дали ќе одржат нова рунда на преговори, додека пак за лидерска средба најверојатно воопшто и не станува збор бидејќи сите се далеку од конечен договор кој би го прифатиле и конечно спровеле на дело.

„Се надевам дека ќе се дојде до договор после вразумувањето на другите учесници во целиот овој процес, особено на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти Љупчо Николоски од СДСМ.

Досега дипломатите како Бејли и Орав известуваа дека партиите се речиси договорени за сите спорни прашања, но пречки и натаму има за реформите во МВР особено по предлогот на министерот да му се ограничат ингеренциите за кадровски одлуки, што за опозицијата е незаконски и незамисливо.

Секако, се смета дека тој што ќе раководи целосно со полицијата ќе има и најголема моќ на терен. Од владејачките партии засега нема никакви најави кои ќе бидат нивните следни потези во преговорите или пак за конкретен излез од оваа пат позиција.