Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМВР трага по уште 12 лица поврзани со „крвавиот четврток“

МВР трага по уште 12 лица поврзани со „крвавиот четврток“

Полицијата сè уште трага по 12 лица за кои Основното јавно обвинителство издаде налог за приведување и изнесување пред кривичниот суд во рамки на истрагата за упадот во Собранието што се случи на 27 април, соопшто министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, додавајќи дека според сознанијата на полицијата, лицата се уште се во државава.

– Имаме сознанија дека некои од 12-мината што сè уште не се обезбедени имаат двојни државјанства – рече Спасовски, без притоа да открие повеќе детали.

Спасовски не сакаше да ги коментрира квалификациите на кривичното дело за кое се товарат обвинетите, истакнувајќи дека тоа не е надлежност на МВР, туку на обвинителството.