Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПратеничката Рангелова на терен со „фантомските“ гласачи

Пратеничката Рангелова на терен со „фантомските“ гласачи

Пратеничката Даниела Рангелова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше наодите на опозицијата дека е заведена на две адреси во избирачкиот список, од кои на втората во селото Брвеница на една улица има регистрирано над 100 гласачи.

Рангелова објасни дека станува збор за жена со исто име и презиме и дека во селото сите куќи се водат на една улица. Од владејачката партија исто објаснија дека во избирачкиот список има и многу грешки бидејќи граѓаните не ги одјавуваат старите адреси, па слични коинциденции најдоа и на адреси и на опозиционерите.