Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНа локалните избори право на глас ќе имаат 1.814.644 граѓани

На локалните избори право на глас ќе имаат 1.814.644 граѓани

Право на глас на претстојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври, ќе имаат 1.814.644 гласачи, соопшти вчера Државната изборна комисија (ДИК), по заклучувањето на избирачкиот список и по извршените промени што произлегоа од јавниот увид.

Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.735.682 гласачи, 77.071 избирач се на привремена работа или престој во странство, 1.882 за време на изборите ќе се наоѓаат на издржување казна затвор или во притвор, а девет гласачи се запишани како внатрешно раселени лица.

Шестите локални избори во Македонија, на 15 октомври, ќе се спроведат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг на изборите е закажан две недели подоцна, односно на 29 октомври.