Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски: Телевизијата на Заеви сака да ме снема од јавноста, но јас нема да им ја завршам таа работа

Груевски: Телевизијата на Заеви сака да ме снема од јавноста, но јас нема да им ја завршам таа работа

Дел од медиумите, особено оној медиум кој го нарекуваат телевизија на Заеви во последните денови не зборуваат за проектите што ги правиме, туку го отвораат прашањето зошто и во кое својство се појавувам на настани – изјави претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски, откако при промовирање на новиот објект на Министерството за транспорт и врски новинарите го прашаа во кое својство министрите му реферираат нему, кога тој е само партиски лидер.

На ова прашање тој тогаш одби да даде одговор, но веќе следниот ден при промовирање на друг проект изјави дека се појавува во својство на претседател на партија која дава ветувања пред граѓните.

Груевски во оваа прилика го обвини медиумот и новинарката дека сакаат да го снема од јавноста, порачувајќи им дека не може да им ја заврши таа работа.

Груевски во изјавата не посочи ниту еден медиум или новинар конкретно, меѓутоа очигледно е на кого мислеше, по „непријатноста“ која доживеа во Министерството за транспорт и врски кога беше прашан дали е свесен дека веќе не е премиер.