Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПожар во две куќи во центарот на Кавадарци

Пожар во две куќи во центарот на Кавадарци

Пожар избувна денеска во две куќи во центарот на Кавадарци. Според првичните информации на територијалната противпожарна единица од овој град, причината за првиот пожар е во неисправната електрична инсталација. Во вториот случај пак, најверојатно се работи за неправилно изведен оџак кој се запалил.

На двете локации интервенирале по две возила и по четворица пожарникари. Илчо Богевски, командир на Територијалната противпожарна единица апелираше до кавадарчани и росоманци да бидат повнимателни, а за сите информации и помош, да се обратат до територијалната противпожарна единица.