Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПовеќе од 30 мртви во Нагорно Карабах, Ердоган со поддршка за Азербејџан

Повеќе од 30 мртви во Нагорно Карабах, Ердоган со поддршка за Азербејџан

Повеќе од 30 луѓе се убиени во конфликтите што избија во Нагорно Карабах, меѓу Ерменија и Азербејџан. Според ерменски извори убиени се најмалку 18 војници, додека азербејџанските извори тврдат дека од нивните редови се загинати најмалку 12 војници. Меѓу жртвите има и голем број на цивили, за кои не е познат точниот број.

Турскиот претседател Реџеп таип Ердоган се заколна дека Анкара ќе го поддржува својот сојузник Азербејџан „до крај“ во нивниот судар со Ерменија околу спорениот регион Нагорно-карабах, по судирите во кои загинаа најмалку 30 војници од обете страни.

– Се молиме нашите азербејџански браќа да победат во овие судари со најмал можен број жртви. Ние го поддржуваме Азербејџан до крај, изјави Ердоган за време на неговата посета на САД, пренесува неговиот кабинет.

133109719

Турскиот претседател смета дека сегашното заострување на конфликтот во Нагорно-Карабах се должи на несоодветните напори на Минск групата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (Русија, Франција и САД).

– Соочени сме со сегашната ситуација во Нагорно-Карабах, кој е под долгогодишната окупација, поради тоа што Минск групата го омаловажи ова прашање. Ако Минск тројката дејствуваше праведно за да постигне јасни резултати, немаше да бидеме сведоци на она што се случува денес , рече Ердоган при отворањето на џамија во Вашингтон, јави ТАСС.

Турскиот претседател исто така изјави дека западните земји ги пуштаат на слобода оние кои Анкара ги прогласува за терористи и за кои им дава информации, пренесува БТА.

– Ние се бориме против тероризмот повеќе од 35 години. Поради терористички активности загубивме околу 40 илјади луѓе. Сепак Западот ги пушта луѓето за кои им велиме дека се терористи, рече тој.

– Напаѓачот од Брисел беше терорист, за кого ние доставивме информации до белгиската влада, рече Ердоган, додавајќи дека потоа Белгија не презела никакви активности.