Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНовата Влада и официјално доби поддршка од ЦО на ДОМ

Новата Влада и официјално доби поддршка од ЦО на ДОМ

Централниот одбор на ДОМ ја потврди поддршката за формирање новата Влада на Република Македонија, која како што оценува партијата, ќе има сериозна задача за демократизација на земјата и за спроведување на реформите на Прибе.

„Истовремено, ќе треба да започне и процес на намалување на поделбите помеѓу граѓаните по разни основи и да зајакне граѓанската кохезија. Централниот одбор на ДОМ оцени дека сите политички субјекти треба да се однесуваат одговорно во оваа фрагилна политичка ситуација и да придонесат за стабилизација на земјата“ – соопштија од партијата.

Очекувањата на ДОМ од новата Влада се да обезбеди сериозен третман на сите области од живеењето, зелена економија, рамномерен регионален развој, човекови права и недискриминација.