Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПоплавите во Шри Ланка однесоа стотина човечки животи

Поплавите во Шри Ланка однесоа стотина човечки животи

Индија се вклучи во пружањето помош на Шри Ланка, откако во монсуснските поплави загинаа најмалку 103 лица, а околу 230 илјади мораа да ги напуштат своите домови. Вкупно 113 лица се сметаат за исчезнати.

Поројните дождови предизвикаа големи поплави и свлечишта во јужниот и во западниот дел на Шри Ланка, а во пружањето помош учествува и војската, која со авиони го спасува населението и на локалните жители им ги доставува неопходните продукти.

Министерот за внатрешни работи предупреди на опасноста од нови поплави и апелираше на жителите кои живеат во пониските подрачја да се префрлат во повисоките делови на земјата.

„Имаме информации дека постојат области каде ни хеликоптери ни чамци не можат да пријдат“ – посочи министерот, дополнувајќи дека Владата донела 10.000 појаси за спасување за луѓето кои се заглавени, а се уште не можат да бидат евакуирани.