Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Мртви и ранети на концертот на Аријана Гранде во Манчестер

Видео: Мртви и ранети на концертот на Аријана Гранде во Манчестер

Најамалку 19 лица загинаа откако експлозија одекна во концертната сала во Манчестер, Велика Британија каде настапувала поп пејачката Аријана гранде. Британската полиција соопшти дека вечерва се случила огромна експлозија неколку минути по завршувањето на концертот.

Портпаролот на Гранде изјавил, “Аријана е добро. Се’ уште се истражува што се случило”.

Полицијата засега случајот го води како терористички напад кој најверојатно е извршен од бомбаш самоубиец кој активирал импровизирана направа. По силната експлозија настанл вистински хаос во концертната сала и има над 60 повредени лица.

Британската премиерка Тереса Меј го осуди нападот и упати сочуство до семејствата на загинатите посетители на коцертот.