Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПоранешниот директор на УБК се откажа од дипломатскиот пасош

Поранешниот директор на УБК се откажа од дипломатскиот пасош

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, воопшто не го подигнал и се откажал од дипломатскиот пасош што минатата недела му го додели Минстерството за надворешни работи. Мијалков вели дека причина за тоа е реакцијата на опозициската СДСМ и дел од медиумите.

„Дипломатската патна исправа, која согласно закон и дискреционо право на Министерот ми беше доделена од МНР се уште не сум ја подигнал ниту употребил. Во недостиг на идеи и поддршка од граѓаните, сосема е очекувано, СДСМ преку нивните медиуми фокусот да го стави на црна кампања и напади на лична основа со обиди за дискредитација. За да им се одземе и ова последно оружје и да излезе на виделина нивната безидејност, одлучив воопшто да не ја подигнувам дипломатската патна исправа и да се откажам од неа. Останувам и продолжувам да се борам за интересите на Македонија и македонскиот народ. Не сум потклекнал пред многу посериозни притисоци и закани па нема ни сега“ – вели Мијалков во изјавата.