Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдобрено обвинението за Мијалков и за Грујевски за „Трезор“

Одобрено обвинението за Мијалков и за Грујевски за „Трезор“

Советот за оценка на обвинителниот акт при Кривичниот суд го одобрил обвинението за случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во случајот обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујевски, поранешниот шеф на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски, и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Сајковиќ.

Според СЈО, осомничените преку фирмата „Финзи“, со која во еден период управувал сега починатиот Коста Крпач, набавувале опрема за УБК и го оштетиле буџетот за 862.045 евра.