Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЌе им се суди на Мијалков и Тачи кои договараа гласање во ДИК

Ќе им се суди на Мијалков и Тачи кои договараа гласање во ДИК

Советот за оценка за обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го прифатил обвинението на СЈО за предметот „Титаник 2“ во врска со изборни нерегуларности. Ќе им се суди на политичари од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, но овој предмет ја опфаќа и ДПА, поточно нејзиниот претседател Мендух Тачи и поранешниот член на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими, информира Фокус.

Сепак Советот не го прифатил предлогот за злоупотреба на службената положба да одговараат и петте судии од Управниот суд. Претходно судскиот совет им го одзеде имунитетот на управните судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзула, кој ги штитеше од кривична одговорност.

Меѓу обвинетите функционери се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, членот на ДИК предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Срцев, поранешните членови на ДИК, Анета Стефановска и Влатко Сајковски.

Предметот „Титаник 2“ се однесува на местење на резултати од локалните избори во 2013 година. Според бомбите што ги објави опозицијата Мијалков и Тачи се договарале за гласање во однос на поднесени приговори до ДИК. Прислушуваните разговори ќе бидат употребени како докази во постапката со одлука на Апелациониот суд.