Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПоплавените добија оштета од 52 милиони денари

Поплавените добија оштета од 52 милиони денари

По направените проценки Владата на Република Македонија им исплати средства за штетите настанати во големите поплави кои ја зафатија Македонија на почетокот на годината, а најпогодени беа пелагониските села. Средства за оштета ќе добијат околу 1300 лица од Могила, Новаци, Демир Хисар, Битола, Босилово и од Кривогаштани.

Poplavi-Makedonija2

Следната недела на уште 323 лица од овие општини со одлука на Владата ќе им бидат исплатени 8 милиони денари. Бирото за судски вештачења работи на проценка на штетите и во останатите општини погодени од поплавите, вклучувајќи ги населените места од велешко, штипско, светиниколско и струмичко.

Владата на РМ донесе одлука за 100-отстотно обештетување на земјоделците и домаќинствата зафатени од поплавите во јануари и февруари годинава. Обилните дождви направија и голема штета на локалната инфраструктура и затоа ќе се направи план за санација на погодените региони во соработка со локалните власти.