Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: Раката да ми се исуши ако го потпишам договорот за фасадата на „Пелагонија“

Шилегов: Раката да ми се исуши ако го потпишам договорот за фасадата на „Пелагонија“

Парите за барокните фасади ќе се пренаменат за енергетски фасади на средните училишта, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната седница на Советот на Град Скопје, извести „Сакам да кажам“.

– Раката да ми се исуши ако го потпишам договорот за фасадата на „Пелагонија“ од 1,3 милиони евра. Се трошеле милиони евра за фасади. „НАМА“ ги чини граѓаните 2,3 милиони евра. Парите за оваа намена што ги планирало минатото раководство од 6 милиони евра ќе ги пренамениме за фасади во средните училишта – рече Шилегов.

Шилегов откри и дека новата фасада на поранешната Стоковна куќа на плоштад Македонија чинела 2,3 милиони евра, а за фасадата на „Пелагонија“, веднаш до Порта „Македонија“, требало да се потрошат 1,3 милиони евра.

Меѓу другото, градоначалникот изјави и дека Град Скопје должи 36 милиони евра.