Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПочна средношколскиот протест – дали повторно ќе се кампува?

Почна средношколскиот протест – дали повторно ќе се кампува?

Средношколците се собраа на главна фонтана и го почнаа најавуваниот протест. Велат дека оваа состојба ќе трае се додека не се исполнат нивните барања поврзани со законот за образование и за полагањето државна матура. Тие бараат активно учество во процесот на изготвување закон, а велат дека од министерството за образование добиваат игнорантен однос.
plenum2novИсто така, средношколците се пожалија на големите притисоци од страна на училиштата. Потенцираа дека учениците во Јосип Броз Тито се заклучувани и им се одземени мобилните телефони. Токму тоа, според нив е уште поголем поттик да се приклучат кон протестот.
plenumnovСредношколците нагласија дека доколку не бидат земени во предвид нивните барања, не е исклучена можноста повторно да се постават кампови пред Влада. Од градскиот парк, групата демонстранти се упати кон Влада, а потоа ќе продолжи надлежното министерство.
plenum4nov
plenum3nov