Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ ќе блокира, протестора но и ќе дарува крв

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира, протестора но и ќе дарува крв

Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе блокира четири раскрсниците во градот Скопје и ќе одржи протест пред Истражниот затвор во Шуто Оризари во 18 часот во знак на протест против приведените за насилствата во Собранието на 27 април.

Партијата од 15 до 17 часот ќе ги блокира раскрсниците кај Соборен Храм, кај „Мавровка“, кај „Нова Македонија“ и делегацијата на ЕУ и раскрсницата кај Црвен Крст.

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ во просториите на „Даре Џамбаз” денеска од 9 до 17 часот ќе организира и крводарителска акција во знак на поддршка на притворените.

„Нападот од страна на полицијата под контрола на Оливер Спасовски врз демонстрантите кои мирно протестираа и го блокираа граничниот премин Табановце е уште еден доказ во низа за полициската хунта и заробената држава. ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот на полицијата врз демонстрантите кои мирно протестираа и го блокираа Табановце. Користењето на полицијата за заплашување на граѓаните е противправно. ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на сите кои ја уриваат демократијата и правната држава во Република Македонија“, велат од партијата.