Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕдно лице приведено на протестот на преминот Табановце

Едно лице приведено на протестот на преминот Табановце

Едно лице е приведено за време на протестот на симпатизерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ на граничниот премин Табановце.

Како што соопшти полицијата, приведениот нападнал полициски службеник, поради што е приведен и против него ќе биде покрената соодветна пријава.

Дел од медиумите претходно објавија снимки од протестот на Табановце, каде се гледа туркање меѓу демонстрантите и полицијата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе трета недела протестира и блокира крстосници во Скопје поради притворањето на нивни приврзаници и пратеници поради насилствата во Собранието од 27 април годинава, а денеска за прв пат организираше и блокада на граничен премин.