Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПо повод Св.Трифун, денес е закројувањето на лозите

По повод Св.Трифун, денес е закројувањето на лозите

Граѓаните на Република Македонија денеска го одбележуваат празникот Свети Трифун кој се смета за заштитник на лозарите и виното. Па освен што денес се пие вино, се негуваат и лозите. Манифестациите се одржуваат на плоштадите во Кавадарци, Неготино и Демир Капија, а исто така лозјата се закројуваат и на други места.

Локалната самоуправа Кавадарци на овој празник на лозарите и овоштарите, ќе го одбележи во соработка со Македонската павославна црква – Охридска Архиепископија, храм Св. „Димитрија“ Кавадарци, Домот на културата „Иван Мазов-Климе“, Музејот и здружението Вешта жена од Кавадарци.

Денеска е голем ден, ден на виното кое мора секој љубител на алкохолот да го вкуси, но само да не се претара.