Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаОтворена „Јавна соба“ за сите креативци и дизајнери

Отворена „Јавна соба“ за сите креативци и дизајнери

Александар Велиновски директорот на „Јавна соба“ ги повика сите креативци и дизајнери да го искористат новиот слободен и целосно обновен простор во Скопје за реализирање на нивните идеи, дизајни, производи и креации. Денешното отварање е закажано за 19:30 часот каде ќе се промовира новиот концепт на приближување на креативниот кадар до самиот пазар и деловниот сектор.

CSC_0174

„Секој дизајнер и креативец ќе може да го искористи просторот на „Јавна соба“ за да направи прототип на својот креативен производ. Тука ќе се одвива спојот од кадарот кој излегува од образовните институции до самите компании кои имаат потреба од дизај на мебел, индустриски дизајн, моден дизајн, а отворени сме и за сите уметници и производители кои може да го искористат катчето за продажба“.

Главната поента на Велиновски како менаџер и целиот ентузијазам се темели на креативноста на македонските дизајнери и секако побивање на сомнежнот дали воопшто постои „Македонски дизајн“. Тој потенцијал мора да се канализира, а „Јавна соба“ е одличен концепт кој доби институционална подршка од Министерството за култура, како и од Холандската амбасада.

DSC_0642

Токму искуството на холандскиот дизајн кој е препознатлив во целиот свет и поврзаноста со холандските дизајнери преку работилниците на изминатите изданија на Скопската недела на дизајнот ја потикнаа оваа соработка. Инаку се што се наоѓа во „Јавната соба“ е дело на македонски дизајнери, од почетна идеја до реализација.

DSC_0646

„Навистина сум импресиониран и задоволен гледајќи ја креативноста на македонските дизајнери и нивната желба за создавање и наметнување. Холандското искуство на практичен и естетски дизајн, изразувајќи ја оригиналноста и посебноста може да биде само мотив за македонските дизајнери кои имаат иднина, не само во Европа, туку и многу пошироко“, изјави неговата екселенција Ваутер Пломп, амбасадорот на Холандија.

Јавна соба со својот потенцијал и израз потсетува на креативните катчиња во Берлин и Амстердам, па сега на потег се сите кои веруваат дека имаат што да понудат, користејќи ги алатките кои ќе им бидат на располагање, заедно со подршката за пронаоѓање на бизнис партнери и пласирање на оригинален и квалитетен македонски производ.

Репортер
Христијан Станоевиќ