Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСподелени искуствата за предизвиците од мигрантската криза и научените лекции

Споделени искуствата за предизвиците од мигрантската криза и научените лекции

 

Во рамки на ЕУ проектот „Градиме заедно – Мониторинг на заедницата и застапување на истата“ , Црвен крст на град Скопје реализира работилница за 35 лица, на тема Предизвици од мигрантската криза и научени лекции.

Работилницата се реализира во Тренинг центарот„ Солферино“- Струга, а учесници се волонтери активно вклучени во мигрантската криза, членови на мрежата од НВО сектор која работи на ова поле, но и млади – потенцијални волонтери кои би се вклучиле во ваков вид кризни состојби. Работилницата има за цел да се споделат искуствата од досегашните активности, но и да се унапреди работата согласно научените лекции.

По завршувањето на работилницата, следуваат активности на терен и тоа во локалните самоуправи на територија на град Скопје, училишните клубови, за членови и волонтери од општинските организации на ЦК во град Скопје.