Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОколу 300 лица во Гостивар побарале медицинска помош поради стомачни болки

Околу 300 лица во Гостивар побарале медицинска помош поради стомачни болки

Околу 300 лица во Гостивар вчера и денеска побарале медицинска помош поради стомачни болки и дијареа. Од Министерство за здравство соопштуваат дека екипи од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) и од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) се на терен, ја следат состојбата и доколку има потреба, ќе издадат решение со конкретни мерки.

– Од епидемиолошките анкети и другите спроведени мерки со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност со консумирање храна од еден објект. Значи, се исклучува труење со храна како причинител. Во тек е обработка на податоците, по што надлежните ќе излезат со соопштение – соопштуваат од Министерството за здравство.