Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИнститутот за јавно здравје: Водата во Гостивар е безбедна за пиење

Институтот за јавно здравје: Водата во Гостивар е безбедна за пиење

Институтот за јавно здравје информираше дека водата од водоводот во Гостивар е исправна и безбедна за пиење. Тоа го покажале физичко-хемиските анализи, при што е утврдено дека нема присуство на пестициди, а исто така водата е бактериолошки исправна.

Проблемот со водата во Гостивар се случи кон крајот на минатата седмица и во текот на викендот, кога 360 гостиварци побараа лекарска помош поради дијареа, повраќање и зголемена телесна температура. Главниот сомнеж падна на водата од градскиот водовод.