Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЌе се испитува водата за пиење во Гостивар

Ќе се испитува водата за пиење во Гостивар

Министерството за здравство информира дека денеска екипа од Институтот за јавно здравје зела дополнителни мостри за испитување на квалитетот на водата во Гостивар, во однос на бактериолошка исправност, периодично физичко-хемиска, како и анализа на остатоци од пестициди, информираат од таму.

Резултатите од анализите се очекуваат на почеток на следната недела.

Bо текот на ноќта, во гостиварската болница лекарска помош побарале уште 60 нови лица со симптоми на дијареа и на изнемоштеност и со ова, вкупната бројка на заболени се зголеми на 360 лица.