Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаБејта по третпат ќе се бори за Гостивар

Бејта по третпат ќе се бори за Гостивар

Актуелниот градоначалник општина Гостивар и кандидат за уште еден мандат од редовите на ДУИ, Невзат Бејта, очекува победа во првиот круг.

Бејта е убеден дека ја има поддршката на мнозинството граѓани. Тој изјави дека ќе ги респектира неговите конкуренти, но, како што рече, нема да се занимава со нивните кампањи.

На новинарско прашање кои се неговите очекувања и проценки за претстојните избори Бејта нагласи не се кандидирал по негова желба, туку тоа била желба на мнозинството граѓани од општина Гостивар.

– Тие го ценат она што јас лично и мојот тим соработници сме го направиле за градот. Од расположението кое го гледам кај нив и со измените на Изборниот законик, сметам дека ќе го победиме во првиот круг, рече Бејта одговарајќи на новинарско прашање при посетата на ОУ „Единство“.

Доколку победи, на Бејта тоа ќе му биде трет мандат, тој пред 12 години победи и раководеше со општина Гостивар. На наредните избори загуби од Руфи Османи, од кого пред четири години ја презеде градоначалничката функција.

Нему за најсериозен кандидат од вчера му се препишува актуелниот министер за здравство Арбен Таравари, како кандидат на Алијансата на Албанците. Тој потекнува и живее во Гостивар.