Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдложено рочиштето за „Пуч“: Јанева и тимот на дополнителен увид

Одложено рочиштето за „Пуч“: Јанева и тимот на дополнителен увид

Рочиштето за Пуч повторно одложено. Следното е закажано за 2 март. Одлуката на судот е на барање на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со цел да има повеќе време за увид во доказите за предметот. Јанева посочи дека доколку судот не е во можност да им ги достави доказите, да им обезбеди просторија и пет работни дена временски рок, во кој сите обвинители на Специјалното јавно обвинителство ќе можат да дојдат во судот и ќе можат да направат увид.katica janevaСудијката Љубинка Башевска посочи дека според закон не може да им ги даде доказите на странките на владение, но во текот на овој месец ќе и биде отстапен простор на Јанева во судот.

– Баравме одложување, затоа што имаме тимска одлука дека цела недела бараме од судот простор цел тим да ги анализира доказите во Пуч и потоа ќе одлучиме како ќе настапуваме и кон обвинител ќе го застапува случајот. Во однос на доказите не ни дозволуваат да ги земеме, доаѓаме тука да ги погледнеме во Кривичниот суд, сметаме дека тоа е нова пракса на судот, бидејќи порано ни ги доставувале предметите во нашите матични обвинителства. Тие докази јавното обвинителство ги достави до судот и логично е тие докази согласно новиот Закон за кривична постапка треба да бидат кај нас. Затоа наше барање е доказите да ни ги достават, но бидејќи судот тоа не ни го дозволува ние го почитуваме судот и ќе дојдеме тука на увид, рече Јанева.

И лидерот на СДСМ даде изјава во која ја поддржува постапката на специјалната обвинителка и вели дека ова ќе биде година на правдата.