Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНови летови, супер евтини цени – Од Скопје кон Берлин, Братислава и Копенхаген

Нови летови, супер евтини цени – Од Скопје кон Берлин, Братислава и Копенхаген

Авионската нискобуџетна компанија Wizzair воведе нови директни летови од Скопје до главните престолнини на Германија, Данска и Словачка. Од 21 март 2016 година започнува спроведувањето на летот Скопје –  Берлин Шенфелд, додека од 22 и 28 март истата година се отвораат и линиите кон Копенхаген и Братислава. Секоја од нив ќе се спроведува два пати неделно. Билетите за најновите правци на Wizz Air се веќе во продажба и можат да се резервираат на wizzair.com


 “Wizz Air денес уште еднаш ја нагласи својата посветеност во Македонија, преку главниот аеродром во Скопје. Возбудени сме што ги најавуваме новите три рути од Скопје до главните градови на Данска, Германија и Словачка и сме убедени дека и овие три нови линии ќе бидат популарни како и останатите 21. во нашата македонската мрежа, која постојано расте“, изјави Тамара Мешвениераџе од Wizz Air.