Wednesday, Apr 24, 2024
HomeUncategorizedКопенхаген ќе инвестира 45 милиони евра во нови стебла

Копенхаген ќе инвестира 45 милиони евра во нови стебла

Одборот за животна средина на градот Копенхаген одобри 300 милиони круни, односно 45 милиони долари за садење нови стебла во целиот град. Целта на данската престолнина е до 2025 година да посади околу 100.000 нови стебла. Проектот започна во 2015 година, а до сега се засадени околу 17.000 стебла.

Мортен Кабел од партијата на Алијансата на црвено-зелените истакна дека сите влијателни партии силно ја поддржале иницијативата за садење нови стебла.

„Не очекував ништо друго, затоа што сите важни политички партии порачаа дека сакаат повеќе стебла во градот, како и позелен Копнехаген. Тоа, поточно е она што го сакаат и самите граѓани на Копенхаген“ изјавил Кабел за медиумите.