Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНовак Ѓоковиќ го тужи градот Рио де Жаниеро и си ги бара своите 650 илјади долари

Новак Ѓоковиќ го тужи градот Рио де Жаниеро и си ги бара своите 650 илјади долари

Прекрасниот и најдобр тенисер на светот Новак Ѓоковиќ го тужи градот Рио де Жаниеро бидејќи му останале должни пари за мечот со Густав Куертен кој бил одигран пред 4 години, поточно во 2012 година, па претпоставените на градот домаќин на Олимписките игри оваа година ќе мора да му исплатат 650.000 долари со закон.

Ситуацијата била таква што значи Новак требало да добие 1,1 милиони долари за одигран меч, а парите требале да бидат исплатени на три рати, но тоа не се случило до денес. Бразилските медиуми преднесуваат дека
на првиот тенисер на светот му се уплатени две рати од 450 илјади долари, но не и третата, па најдобриот тенисер на светот решил да го тужи градот. Се очекува парите на Новак да бидат исплатени.

Инаку, Ѓоковиќ и Куертен одиграа меч на „Мараканазињо арена“ пред 10.000 гледачи.