Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНова повреда на Роналдо, проблеми пред финалето

Нова повреда на Роналдо, проблеми пред финалето

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид Кристијано Роналдо би можел да го пропушти финалето од Лигата на шампионите поради повреда. Роналдо заработил повреда во средата за време на тренингот со неговиот тим. Како што пренесуваат медиумите, Португалецот после еден дуел со Даниел Карвахал, паднал преку голманот Кик Касиља, па потоа се жалел на пвореда и морал да го напушти теренот.

Најдобриот стрелец на ова елитно натпреварување поради повреда го пропушти првиот натпревар од полуфиналето против Манчестер Сити, а беше под знак прашалник и за реваншот. Интересно е тоа што Роналдо пред две години кога овие две екипи играа финале исто така беше повреден, но го одигра тој натпревар и со гол во продолжението му овозможи на Реал да дојде до победа од 4:1.