Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНова пауза за руската тенисерка

Нова пауза за руската тенисерка

Руската тенисерка, Марија Шарапова изјави јавно дека нема да се натпреварува на турнирите на трева оваа сезона, поради мускулна повреда со која се здобила минатиот месец на турнирот во Рим.

Шарапова која се врати на терените по 15-месечната суспензија поради користење на недозволени супстанци, мелдониум, требаше да добие “вајлд-карта” за вториот гренд слем турнир во сезоната, Вимблдон.

“По дополнителни скенирања, откривме дека повредата е здобиена во Рим, не ќе ми овозможи да играм на турнирите на трева, каде што планирав да се натпреварувам. Сакам да се заблагодарам на организаторите на турнирот во Бирмингем на нивната поддршка и специјална покана за учество на турнирот, каде што се надевам дека многумина од вас ќе бидат во можност да присуствуваат. Со нетрпение очекувам да се видиме следната година. Ќе продолжам да работам на моето закрепнување до мојот следен закажан турнир во Стенфорд “, Шарапова напиша на својата Фејсбук страница.