Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈТенисНишикори: Немам што да загубам против Новак

Нишикори: Немам што да загубам против Новак

Getty Images

Кеи Нишикори вели дека нема што да загуби и дека ќе даде се од себе во финалната средба од турнирот Мастерс 1.000 серии, во која ќе се сретне со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Петиот рекет на планетата, Јапонецот Нишикори до финалето на Флорида стигна после победата над Ник Кирјос од Австралија во два сета 6:3, 7:5, додека моменталниот лидер на светскиот тенис својот пат до финалето го избори после голема борба против Давид Гофан од белгија со резултат 7:6(5), 6:4.

„Сервис, ритерн, се тоа функционира како што треба. Се трудев да бидам агресивен, а освоив и голем број поени на мрежа. Што се однесува до финалето, немам што да загубам, па се надевам дека ќе одиграм уште еден добар натпревар“, изјави Кеи Нишикори. Србинот во осум средби до сега со Јапонецот славеше шест пати, последен пат во четвртфиналната рунда од Австралијан Опен во јануари, а нејзината девета средба е закажана за недела со почеток од 19 часот.