Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНапад во Кабул – најмалку 10 убиени и 400 повредени

Напад во Кабул – најмалку 10 убиени и 400 повредени

Најмалку десет лица се убиени, а околу 400 се ранети во напад со камион-бомба во Кабул, јави ТАСС.

Во еден часот по локално време камионот со експлозиви експлодирал во станбен кварт во престолнината, многу блиску до владин комплекс со згради на авганистанското Министерство за одбрана. Иако во изминативе денови беа извршени повеќе крвави напади во Авганистан, засега никој не ја презема одговорноста за нападот

Причината за ваквите немири започнаа минатата седмица откако мула Ахтар Мансур беше избран за нов лидер на талибанците на местото на нивниот историски водач мула Омар.