Музика, филм и изложба на ,,МКЦ за Скопје"
Со концерт изложба и филмска проекција Младинскиот културен центар ќе одбележи 52 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје. Настанот е е насловен ,,МКЦ” за Скопје.”
На 26 јули, со почеток во 20 часот во МКЦ ќе биде поставена изложба на младиот македонски уметник Иван Петрушевски – Флим, со наслов „Херои и нули“ , потоа ќе следи проекцијата на документарниот филм за култните Леб и сол, „Каша“, во режија на Дарко Марковиќ.
Вечерта ќе ја затворат групите Sethstat & Мирко Попов, Khara и Сусијат.