Friday, Apr 19, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРИзложби„Во Цут“ – Изложба на Горан Костовски

„Во Цут“ – Изложба на Горан Костовски

Изложбата Во Цут – на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде отворена на 18 Мај 2023 г. во Мобилна/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности, во Парк на Франкофонијата со почеток во 18:30 часот.

Изложбата “Во Цут” се состои од платна, слики и графики цртани изминативе две години. Таа има за цел да ја претстави пролетта и самото будење на природата.

Авторот се поистоветува со будењето на природата како фаза за себе будење низ процесот на депресија и тага и надежта за подобар свет и грижа на планетата земја.

Менталното здравје е во фокус на изложбата и има за цел за презентирање на нови визии идеи за грижата на луѓето за животната средина и колективната грижа. Цветовите кои што се дел од делата симболизираат: Љубов, Надеж, Грижа кон себе и природата, Тага, Живот, Радост.

Изложбата ќе биде отворена до 26 мај 2023 година и може да се погледне секој работен ден после 17:00 ч.
Изложбата е поддржана од Центарот за современи уметности Скопје, Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општината Центар”.

Горан Костовски – Индог е уметнички директор, илустратор, дизајнер, уличен уметник и активист. Роден 1983 година во Скопје. Свое дело првпат изложил во 1998 година, а оттогаш до денес учествувал во низа самостојни и групни презентации, како и видео перформанси. Изложувал во Скопје, Париз, Лондон, Амстердам, Берлин, Цеље.

Повеќе за неговата работа: www.indog.info

Индог живее и работи во Скопје.