Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМомчиња претепани на концерт на Аца Лукас

Момчиња претепани на концерт на Аца Лукас

Две момчиња биле претепани на концертот на Аца Лукас во салата „Метрополис“. Причината за тепачката е расправа за девојка. Д.С.В. (18) од Скопје флертувал со девојка но, бил предупреден од напаѓачот дека таа му е сестра по што го нападнале со боксови и клоци, а го удириле и со стаклени шишиња.

Додека лежел на земја забележал и дека неговиот другар исто така е претепан и клоцан на земја. Нападот по посетата на градската болница „Св. Наум Охридски“ го пријавиле во полициската станица во Гази Баба. Групата на напаѓачи се сомневаат дека е од село Батинци.