Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМладиот пар во Битола починал од предозираност

Младиот пар во Битола починал од предозираност

Според најновите информации на полицијата од Битола младиот пар кој беше пронајден мртов во мотелот „Пржо“ починал од предозираност со злоупотреба на метадон.

motel przo

– Првичните резултати од докторот на Судска медицина и Јавното обвинителство од завршената обдукција укажуваат дека причина за настанување на смртта кај двете лица е интоксикција со наркотични средства. Наодот го потврдува и пронајдениот материјален доказ од самото место, шприцеви со игли и две боци од метадон, беше соопштено на денешната прес-конференција во СВР-Битола.

На телата на К.И. (33 г.) и Ѓ.И. (27 г.) немало никави траги на насилство што укажува дека надворешна сила не е причина за смртта. За починатите се вели дека било познато за нивните проблеми со зависностите.