Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМеџити: За орелот на Бит Пазар пред две години никој не реагираше

Меџити: За орелот на Бит Пазар пред две години никој не реагираше

Чаирскиот градоначалник Иџет Меџити во интервју за Радио слободна Европа посочи дека пред две години кај полициската станица во Бит Пазар е поставен исто така споменик орел, но тогаш никој не реагираше бурно, како сега за поставувањето на новиот сличен споменик во Чаир. Тој истакна дека не сакаат кревање на меѓуетничките тензии и дека поставувањето на крст во Бутел е донесено преку ноќ, без консултации и дебати и дека Албанците ќе ги искористат сите расположливи мерки за да спречат мотив кој понатаму би предизвикувал проблеми и инциденти.„Наш став е дека не смеат да се злоупотребуваат верските симболи за дневна политика. Но, ризично прашање е и нема сила за да нè упати ние да влеземе во таква игра и да возвратиме со минариња или друго. Бидејќи Албанците припаѓаат на три верски заедници. Ние цениме дека минарето треба да биде до џамија, а крстот над црква или манастир. Не е место на крстот или на минарето на сред крстосница или на улица“ изјави Меџити за РСЕ.

ДУИ привремено се повлече од локацијата во Бутел каде требаше да се гради крст по повод верскиот празник Задушница и најави дека ќе делува демократски и институционално.
Извор: Радио слободна Европа