Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМасовни штрајкови ја чекаат Грција утре

Масовни штрајкови ја чекаат Грција утре

Новиот закон кој е донесен во Грција за намалување на пензиите и здравственото осигурување е повод за масовни штрајкови во Грција. Утре се очеува на улиците на Атина да излезат на протести најголемите работнички синдикати ГСЕЕ и АДЕДИ како и земјоделците кои веќе ги блокираа грчките автопати и граници.

Блокадите денес ќе бидат во сандардно време односно во интервал од 12 до 14 часот и од 18 до 21 на премините Богородица, Меџитлија, и Дојран. На преминот на Богородица до сега имаше 800 камиони а се најавува  засилување од старана на оние кои протестираат и можно продолжување на часовите предвидени за протест.

grcija

На протестите ќе излезат сите работници од државниот и јавниот сектор затоа што законот го зафаќа сите во државата.

Во Солун исто така нема да функционираат ниту автобусоте, возовите, одкажани се дури и летовите.Исто така протест ќе изрази и Здружението поморски работнци во времетраење од 48 часа, како и новинарите поради кои во Грција моментално владее медиумски мрак.

Ова се очекува да биде еден од најжестоките и масовни протести бидејќи кон него се придружуваат сите работници од јавниот и приватен сектор кои бараат владата да го поништи ваквиот закон. Грција би можела да ја стопира финанската помошод европските кредитори доколку не ја спроведе оваа одлука.