Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМарс, Сникерс, Милки веј повлечени од германскиор пазар – АХВ вели во Македонија се е во ред

Марс, Сникерс, Милки веј повлечени од германскиор пазар – АХВ вели во Македонија се е во ред

Производителот на чоколада Марс доброволно повлекува дел од својата понуда од германските продавници откако во некои негови производи била пронајдена пластика. Компанијата ги повлекува чоколадите Марс, Сникерс, Милки Веј, Веј минис и Миниатури кои што се произведени меѓу 19-ти Јуни и 8-ми Јануари, 2016 година.

Фирмата „Марс чоколада“ во својата фабрика во Фирсен произведува околу 10 милиони производи дневно. „Марс чоколада“ спроведува доброволно повлекување на чоколадни производи откако во некои од нив беше пронајдена пластика“, се вели во изјавата на компанијата.

Според АХВ во Македонија нема такви чоколади. Оттаму соопштија дека немаат добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската унија дека чоколадцата Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис се небезбедни.

„Агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи од германскиот пазар од страна на компанијата производител, поради појава на пластика во производите. Доколку добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ дека небезбедни производи од овој производител се наоѓаат на македонскиот пазар, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе постапи соодветно и ќе ги отстрани од пазарот“, стои во соопштението.