Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМакедонско-албанска нарко група уапсена во Елбасан

Македонско-албанска нарко група уапсена во Елбасан

Албанската полиција ја спроведе акцијата „Домосдова“ во градот Елбасен каде се уапсени четири лица од кои двајца албански и двајца македонски државајни, а запленети се шест килограми марихуана, а по едно лице се трага.

Според соопштението на полицијата уапсени се македонските државјани М. С. (37) од село Студеничани и А.Т.(30) од Скопје, како и албанските државјани В. Б. од селото Рајце и В. Р. (30) жителка на Корча.

Полицијата трага по лицето И.А. (54) жител на селото Рајце во чиј стан била пронајдена марихуаната. При претрес на станот, кој го имал земено под кирија, полицијата пронашла и пиштол „Застава“ калибар 7,65мм. Марихуната било планирано да ја внесат во Македонија.