Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛП: Акциите на МВР да се спроведуваат и во другите градови

ЛП: Акциите на МВР да се спроведуваат и во другите градови

Либералната партија ја поздрави масовната акција на МВР и надлежните органи во локалите во Скопје, спроведена овој викенд.

„Апелираме истите да продолжат со зголемен интензитет и да станат редовна пракса во иднина, и не само во Скопје туку и во целата држава. Бараме ваквите акции да се спроведуваат без попустливост кон функцијата или социјалниот статус на прекршителот, со крајна цел едукација и имплементирање на европските цивилизациски навики во животот на македонските граѓани. Потсетуваме дека овие постапки треба да се спроведуваат само од надлежни институции согласно позитивните прописи“, се вели во соопштението на партијата.

Министерството за внатрешни работи во соработка со Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, викендов преземаа мерки и активности за контрола на угостителски објекти по сите основи, при што беше извршена контрола во вкупно 24 угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на вчерашната прес-конференција.

„Во осум угостителски објекти е евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолетници, двајца за користење наркотични средства, а двајца за утврдување на идентитет. Поради утврдени неправилности, затворени се 13 угостителски објекти, а на едукација се повикани пет сопственици на угостителски објекти“, рече Ангеловски.